Дома Фудбал Англија Ромеро сака да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед

Ромеро сака да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед

Еден од резервните голмани на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро настојува да го раскине договорот со „црвените ѓаволи“.

Аргентинецот остана надвор од плановите на Солскјер во тимот пријавен за Премиер лигата и Лигата на шампиони, бидејќи е четврти избор после Де Геа, Хендерсон и Лиј Грант.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај тоа клубот не му дозволи на Ромеро да се пресели во Евертон во летниот преоден рок.

33-годишниот Аргентинец има договор со клубот до крајот на сезоната и добива 100.000 финти неделна плата.

Меѓутоа, Ромеро е спремен да се откаже од платата и да го раскине договорот со Јунајтед за да се врати во Аргентина и кариерата да ја продолжи во Расинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Серија А

Бернардо Силва нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити кој му истекува следното ле…