Дома Трансфер зона Рома тврди: Нема шанси да го продадеме Алисон!

Рома тврди: Нема шанси да го продадеме Алисон!

0

Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека голманот Алисон Бекер нема шанси да биде продаден во летниот преоден рок.

25-годишниот Бразилец игра фантастична сезона во дресот на Рома и за него силен интерес покажуваат Реал Мадрид и Ливерпул.

„Кориере дело Спорт“ неодамна потврди дека „кралскиот“ клуб е спремен да испрати понуда од 60 милиони евра. Притоа, Алисон е на прво место на списокот на Клоп кој е спремен да понуди и повеќе за бразилскиот голман.

„Немаме намера да го продаваме Алисон. Нема никакви шанси тој да замине. Уште кога го купивме знаевме дека е голем голман и оваа сезона тој го покажа тоа. Не сакаме да го продаваме“, изјави Палота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо и Јувентус – се „јави“ и Мурињо!

Чудно беше и што досега немаше негов коментар на најголемиот трансфер ова лето до овој мом…