Дома Фудбал Останато Рома пред натпреварот со Барселона го „мутираше“ Малком! (фото)

Рома пред натпреварот со Барселона го „мутираше“ Малком! (фото)

„Маркетинг“ тимот на „волчицата“ повторно доминира.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во ноќта помеѓу вторник и среда ќе се сретнат екипите на Рома и Барселона во рамките од Интернационалниот Куп на шампиони во САД.

Самиот факт што силите ќе ги одмерат два клуба кои во последната сезона играа двомеч во Лигата на шампионите предизвикува големо внимание, а ситуацијата со Малком од неодамна само дополнително ќе ја подгрее атмосферата.

Веќе добро знаете, Бразилецот во последен момент се откажа од трансфер во Рим иако се беше договорен. Истиот ден се договори со Барселона со која многу брзо потоа потпиша и договор.

Од таборот на Рома тоа сигурно нема да му го простат, Манолас веќе изјави дека нема да се поздрави со него и дека „не знае“ кој е Малком.
Интересна идеја доби и маркетинг тимот на Рома кој на својот Твитер профил објави зборови кои кај нив се „мутирани“.

Секако, се е во врска со Малком.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Знаете ли дека финалето во Лигата на шампионите оваа година се игра во термин како никогаш претходно?

Откако стана јасно дека на 30 мај во Будимпешта ќе играат Арсенал и Пари Сен Жермен во фин…