Рома во првото коло од Серија А одигра реми без голови против Верона, но може да го загуби тој меч со службен резултат 3:0, пренесуваат италијанските медиуми.
Имено, од Рома направиме аматерска грешка, а тоа може скапо да ги чини.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Газата дело спорт“ пренесува дека фудбалерот од среден ред, Амаду Дијавара бил регистриран на листата на У22-играчи, а не во главниот тим, но од Рома не забележиле дека тој наполнил 23 години на 17 јули.
Ова значи дека тој немал право на настап, а беше во стартниот состав, па Рома може да го загуби мечот на зелена маса со службен резултат 3:0.
Ова нема да биде новост во Серија А, бидејќи Сасуоло беше казнет за ист прекршок во 2016 година со службен пораз од 3:0.