Најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок е тоа што не успеале да го доведат Рафиња од Лидс, изјави познатиот новинар Фабрицио Романо.
„Рафиња беше нивни главен приоритет. Мислам дека тој беше најголемата грешка на Арсенал ова лето. Сакаа да го доведат, а Рафиња во еден период беше отворен за преговори“, изјави Романо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека Лидс минатата сезона се бореше за опстанок бразилскиот фудбалер беше достапен на пазарот.
Во случај Лидс да испаднеше неговиот трансфер во Барселона ќе беше скоро сигурен затоа што имаше пристапна клазула. Меѓутоа изгледа дека Барса не беше во можност во тој период, па се отвори врата за Челзи и Арсенал да се договорат со играчот.
Сепак, Барса подоцна успеа да ги пронајде потребните 55 милиони фунти и Рафиња заврши во шпанскиот клуб. Арсенал се обиде, но очигледно нема за што да жали премногу затоа што Барселона беше неговиот прв избор.