Дома Фудбал Англија Ривалите го „крадат“ со години, а сега почнаа и навивачите: Ограбен фан-шопот на Арсенал

Ривалите го „крадат“ со години, а сега почнаа и навивачите: Ограбен фан-шопот на Арсенал

Целата ситуација околу Арсенал сега изгледа малку трагична. Ливерпул ги победи 4:0, имаат три бода од три кола, Алексис Санчез сака да си замине, Челзи и Ливерпул се „тепаат“ за Окслајд Чемберлен, Киран Гибс си замина во ВБА, Мустафи си заминува во Интер, а навивачите се лути на Венгер и управата.

Кога ќе помислиш дека неможе да биде полошо, секогаш може. Така неидентификуваните сторители ноќеска влегле во фан шопот на Арсенал кој се наоѓа на „Емирати“ и со себе си зеле голем број на артикли.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


 

„Полицијата беше повикана во 23:37 и по пристигнувањето  затекна скршена врата. По увидот беше констатирано дека украдени се многу работи, но се уште не знаме колку точно. Крадците избегале со автомобил или два мобеди“, објави лондонската полиција.

Крадците ја скршиле металната врата, ја уништиле продавницата и побегнале во непозната насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Столе на првиот тренинг во Валенсија 🎥

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, денес го имаше п…