Дома Топ вести Ривалдо го сака (не)возможното – да го види играчот на Реал Мадрид во Барселона!

Ривалдо го сака (не)возможното – да го види играчот на Реал Мадрид во Барселона!

Mногу прашина се крена околу Иско кој наводно е во конфликт со некои соиграчи, но и навивачите на Реал Мадрид.

Иско во тешкиот пораз на Реал од ЦСКА во средата навечер доби свирежи, па се појавија гласини дека Шпанецот е спремен да ги напушти „кралевите“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега се огласи и поранешната ѕвезда на Барселона, Бразилецот Ривалдо кој тврди дека би сакал да го види Иско на „Ноу Камп“.

„Ако ме прашувате дали би сакал да го видам Иско во дресот на Барселона, одговорот е – да, сакам. Тој е неверојатен играч и многу би помогнал на клуб каков што е Барселона. Во секој случај, тоа е малку комплицирана работа, тешко е да замислам дека Барса и Реал можат да договорат таков трансфер“, изјави Ривалдо.

Ривалдо зборуваше и за инцидентот на Ривалдо со навивачите.

„Беше на мета на навивачите, ќе мора да погледне напред и да заборави на оваа ситуација“, истакна легендарниот фудбалер.

https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…