Дома Фудбал Италија Рибери се извини за недоличното однесување!

Рибери се извини за недоличното однесување!

Фудбалерите на Фиорентина вчера на свој терен претрпеа пораз од Лацио во деветтото коло од Серија А со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По мечот Франк Рибери физички го нападна помошниот судија Матео Пасери, па сега се соочува со суспензија.

Легендарниот Французин веднаш сфати дека погрешил, па упати порака со извинување за своето однесување.

„Жал ми е поради се што се случи синоќа, им се извинувам и на соиграчите, тренерот и на навивачите. Се извинувам и на господинот Пасери бидејќи на крајот од натпреварот бев многу нервозен и разочаран и се надевам дека ќе ме разберете како ми беше“.

„Отсекогаш сакам да сум на теренот и да им помогнам на моите соиграчи. Дојдов во Фиренца и поради овој град и овој клуб и мислам дека Фиорентина треба да добие поголемо внимание, исто како што добиваат другите клубови, поради напорната работа која ја правиме секој ден“, изјави Рибери.

Италијанските медиуми пренесуваат дека на Французинот му се заканува суспензија од четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлуката на Нико Паз ги налути луѓето во Реал Мадрид

Решението на Нико Пас да остане во Комо во сезоната 2026/2027 предизвика незадоволство во …