Дома Фудбал Реферeндумот се поблиску, Барселона излезе со ОФИЦИЈАЛНО соопштение!

Реферeндумот се поблиску, Барселона излезе со ОФИЦИЈАЛНО соопштение!

Познато е дека на 1 октомври во Каталонија ќе се одржи референдум за независност и отцепување од Шпанија, по повод тоа и Барселона излезе со свое соопштение.

Во соопштението од Барселона тие истакнуваат целосна поддршка за народот во Каталонија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„ФК Барселона останува верна на својата историја, одбраната на нацијата, демократијата, слободата на говорот и самоопределувањето, ние го осудуваме секој чин што може да го попречи ваквото функционирање. Токму поради тоа ние како клуб истакнуваме јавна поддршка за сите луѓе и институции кои ги гарантираат овие права. Ќе ја поддржиме волјата на мнозинството и тоа ќе го направиме на граѓански, мирен и примерен начин“, соопштуваат од каталонскиот клуб.

Сепак, сеуште не е јасно дали Барселона со поддршката за независна Каталонија, поддржува и натпреварување во друга лига, во која нема да биде нивниот најголем ривал Реал Мадрид.

Едно е јасно, доколку Барселона ја нема во Ла Лига, шпанското првенство ќе загуби многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата истражува „намерно“ добиен жолт картон

Фламенго го поддржа својот фудбалер Бруно Енрике, откако федералната полиција го обвини де…