Фудбалерот од редовите на Фулам, Антоне Робинсон е на мета на англиските гиганти, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Робинсон во редовите на Фулам пристигна во 2020 година кога овој клуб за неговите услуги плати нешто помалку од два милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со своите настапи освен што го привлече интересот на поголемите клубови, Робинсон си обезбеди место и во репрезентацијата на САД.
Станува збор за фудбалер кој игра позицијата лев бек каде што Тен Хаг нема замена за Лук Шо кој често е повреден. Од друга страна во Ливерпул полека размислуваат за замена за Енди Робертсон.