Дома Трансфер зона Реина доаѓа во Милан независно од Донарума

Реина доаѓа во Милан независно од Донарума

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека голманот на Наполи, Пепе Реина од следната сезона сигурно ќе го носи дресот на „росонерите“.

Имено, шпанскиот голман неодамна соопшти дека ја игра последната сезона во Наполи, а денес медиумите потврдија дека постигнал комплетен договор со Милан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Реина ќе пристигне на „Сан Сиро“ независно од иднината на Донарума и ќе потпише тригодишен договор со „росонерите“.

Милан сака да го задржи Донарума, но во тимот да има и еден искусен голман, бидејќи Марко Сторари ја завршува кариерата на крајот на сезоната.

Реина прифатил да ја има улогата на втор голман во тимот и следното лето како слободен играч ќе пристигне во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…