Дома Топ вести Реал ја сака младата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Реал ја сака младата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот фудбалер остава одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Не е тајна дека „кралевите“ бараат фудбалер кој ќе биде долгорочна алтернатива за Лука Модриќ, кој е на залез на кариерата. Реал Мадрид има список од неколку фудбалери, а еден од нив е токму Белингам.

Англискиот репрезентативец оваа сезона има постигнато 6 гола и 13 асистенции и се етаблираше во еден од најголемите европски таленти.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Реал Мадрид ќе се обиде на лето со богата понуда да ги убеди „милионерите“ да го пуштат.

Реал е спремен да го остави една година на позајмица во Дортмунд и следното лето да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…