Дома Трансфер зона Реал ја наде замената за Пепе!

Реал ја наде замената за Пепе!

Реал Мадрид на крајот на сезоната после десет години ќе се раздели со дефанзивецот Пепе, а шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб веќе нашло замена за Португалецот.

Станува збор за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос, кого „кралевите“ го следат веќе подолго време и медиумите тврдат дека токму Гркот е трансфер цел број еден за засилување на дефанзивната линија.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Папастатопулос веќе седум сезони е во Бундес лигата, а претходно го носеше дресот на Милан, но „милионерите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, па Реал треба да спреми примамлива понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…