Реал Мадрид е во потрага по нови засилувања кои дополнително ќе ја засилат конкуренцијата во тимот.
Високо на листата желби кај „кралевите“ котира фантастичниот бразилски голман Алисон од Рома во кого во Мадрид гледаат идеална „единица“ за нарената година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал неодамна на адреса на Рома испрати понуда од 70 милиони евра. Меѓутоа најновите информации од италијанските медиуми говорат дека „волчицата“ ја одбила оваа понуда.
Од Рома се спремни да преговараат за продажба на Алисон, но не сакаат да прифатат сума помала од 100 милиони, па понудата од 70 беше означена како недоволно добра.
Алисон оваа сезона блескаше на голот на Рома. Одигра 49 натпревари, а на 22 успеа да ја сочува мрежата и беше еден од најзаслужните што Рома играше полуфинале во Лигата на шампионите.
На „Олимпико“ пристигна во 2016 година од редовите на Интернационал за само осум милиони евра.