Шпанскиот гигант Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс.
Скаути на „кралскиот“ клуб долго време ги следат настапите на 25-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Реал Мадрид смета дека Белгиецот би бил идеална замена за Модриќ, па сака да го донесе следното лето кога му завршува договорот со Лестер.
Тилеманс е еден од најдобрите фудбалери на „лисиците“, но има договор до крајот на следното лето, па токму тоа сака да го искористат „кралевите“.
Белгиецот одбива да го продолжи договорот со Лестер, а Реал веќе започнал преговори со неговиот агент.