Реал Мадрид ќе донесе уште еден бразилски талент за многу висока цена, откако „кралевите“ ги договорија сите детали од трансферот на 17-годошниот играч за врска на Палмеирас, Алан.
Алан де Соуза е еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, а во Реал Мадрид би требало да пристигне следното лето, откако ќе наполни 18 години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилските медиуми го нарекуваат „новиот Кутињо“ и тврдат дека ќе биде одговорот на Реал за доведувањето на „вистинскиот“ Кутињо на „Камп Ноу“ Сепак, „десетката“ на Палмеирас и бразилски репрезентативец до 17 години следната сезона би требало да игра за вториот тим на Реал, Кастиља.
Алан Соуза во договорот со Палмеирас има откупна клаузула од 50 милиони евра, а Реал би требало да плати половина од тие пари со оглед на фактот што фудбалерот следното лето влегува во последната година од договорот.
Реал ова лето го обебеди и потписот на 17-годишниот играч на Фламенго, Винисиус Јуниор за кого „кралевите“ платија 45 милиони евра и кој исто така во Мадрид ќе пристигне следното лето,
Real Madrid agree deal to sign Brazilian wonderkid Alan : The Sao Paulo born teenager.. https://t.co/VHOJv5mcLg pic.twitter.com/i1MMfbkH5E
— Talk Football (@talfooty) October 20, 2017