Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега спрема два големи трансфери за следното лето.
Кралскиот клуб следното лето сака да ја повтори стратегијата за доведување ѕвезди без договор, а на врвот на листата на желби се одличните дефанзивци, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвис е еден од најдобрите леви бекови, а Трент еден од најдобрите десни бекови во светот.
Заедничко им е тоа што и двајцата влегуваат во последната година од договорите и во 2025 година, според моменталната состојба, би можеле да ја променат средината без надомест.