Дома Фудбал Реал Мадрид пред кошмарен антирекорд

Реал Мадрид пред кошмарен антирекорд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на пат да постави антирекорд во историјата на клупското ривалство со Барселона.

Три кола пред крајот на сезоната во шпанското првенство „кралевите“ се на третото место на табелата со цели 18 бода помалку од шампионот Барселона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ако таа разлика остане до крајот на првенството, тоа ќе биде најголемата разлика помеѓу Реал и Барса во историјата на Примера, пренесува „Марка“.

Рекордот е 17 бода од сезоните 1995/96 и 2017/18, а најголемото заостанување на „кралевите“ од лидерот е во сезоната 1995/96 кога во 33-то коло заостануваа цели 21 бод од лидерот.

Минатиот викенд тимот на Зидан загуби од Рајо Валекано со 1:0, а во следните три меча игра протов Виљареал, Реал Сосиедад и Реал Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи ги продолжува преговорите за Нуњез

Наполи ги продолжува своите обиди да го привлече напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез. Уругв…