Дома Топ вести Реал Мадрид потврди: Ѓулер е нов „крал“!

Реал Мадрид потврди: Ѓулер е нов „крал“!

Реал Мадрид попладнево и официјално го потврди трансферот на турскиот фудбалер Арда Ѓулер кој пристигнува од Фенербахче.

 „Кралевите“ за овој трансфер ќе платат сума од 20 милиони евра како оштета, плус бонус и додатоци. Покрај оваа сума, Реал Мадрид ќе исплати и провизија на агентот на Ѓулер, односно неговиот татко.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Фенербахче договори и 20% од сумата од следната продажба на Ѓулер. Претходно се шпекулираше дека ќе му се придружи на Реал во 2024, но турскиот фудбалер ќе пристигне на „Бернабеу“ ова лето.

Договорот кој го потпиша е со важност на шест години. Ѓулер важи за нејголем турски талент во овој момент и дел од јавноста му предвидува дури и да стане најголем турски фудбалер на сите времиња, има само 18 години и допрва би требало да се покаже.

Промоцијата пред навивачите е закажана за утре од 12:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато кој ќе ја освои „Златната топка“

На 28 октомври во Париз ќе биде доделена престижнта награда „Златна топка“, а шпанска „Мар…