Дома Фудбал Реал Мадрид откри како ќе изгледа новиот „Сантиаго Бернабеу“ (фото)

Реал Мадрид откри како ќе изгледа новиот „Сантиаго Бернабеу“ (фото)

Реал Мадрид пред неколку години објави дека се подготвува за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“, а денес и официјално клубот го потврди планот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ на официјалната страница објавија дека ремонтот ќе биде направен во наредните години, а сите детали околу новиот проект ќе ги презентира претседателот Флорентино Перез.

На прес конференцијата се очекува да бидат откриени сите детали, плановите и тоа кога ќе започне да се работи на реконструкцијата на легендарниот стадион.

Реал денес преку својот Твитер профил објави една фотографија со која покажа како ќе изгледа новиот „Сантиаго Бернабеу“ и ги воодушеви фановите.

„Кралевите“ за реконструкцијата ќе потрошат помеѓу 500 и 600 милиони евра, а новиот стадион ќе биде еден од најмодерните во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар со победа над КуПС се збогува од Лигата на шампиони

Вардар го совлада КуПС со 3-2 во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампи…