Реал Мадрид не се откажува од намера да ја доведе ѕвездата на Лајпциг и француски репрезентативец, Кристофер Нкунку.




Французинот одигра фантастична сезона и беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата, но минатиот месец го продолжи договорот со Лајциг.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Реал го следи 24-годишниот фудбалер веќе година и пол и на „Сантијаго Бернабеу“ се сериозно импресионирани од неговите квалитети. „Кралевите“ се во потрага по млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема, а воедно и да биде инвестиција за иднината.




Нкунку неодамна потпиша нов договор со Лајпциг до 2026 година, но Реал спрема богата понуда и ќе се обиде да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.




Доколку не успее да го доведе ова лето, следната година Французинот ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“.