Дома Фудбал Реал Мадрид конечно се враќа на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид конечно се враќа на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид конечно ќе има можност да се врати на својот стадион „Сантиаго Бернабеу“, пренесува „Марка“.

Вчера беше позната програмата за новата сезона во Примера, а „кралевите“ ќе ги играат првите три меча како гости, против Алавес, Леванте и Бетис, а потоа на 12 септември ќе се вратат во својот дом.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ваквиот распоред е направен по молба на Реал, за да имаат доволно време да ги одиграат сите домашни натпревари на „Сантиаго Бернабеу“.

Поради реконструкцијата на Бернабеу, Реал нема играно на тој стадион од март 2020 година, а минатата сезона натпреварите ги играше на „Валдебедас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонец од Австралија донирал опрема за Победа – останала на царина затоа што нема кој да ја земе!

Прилепска Победа продолжува да се соочува со сериозни проблеми, иако во последно време сит…