Дома Трансфер зона Реал Мадрид за него плати 30 милиони евра, но никогаш не заигра за првиот тим – сега се сели во нов клуб

Реал Мадрид за него плати 30 милиони евра, но никогаш не заигра за првиот тим – сега се сели во нов клуб

Реал Мадрид во јануари 2020 година издвои 30 милиони евра за офанзивниот играч за врска Реинер Жесус, но за разлика од Винисиус Жуниор и Родриго, овој бразилски фудбалер не се снајде во кралскиот клуб и не ги исполни очекувањата.

Заедно со Винисиус Јуниор и Родриго, Реинер Жесус требаше да биде уште една бразилска ѕвезда во Реал Мадрид. Се веруваше дека ќе направи одлична кариера и кралскиот клуб за него на Фламенго му плати 30 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сепак, овој фудбалер никогаш не доби шанса во првиот тим. Тој одигра неколку натпревари за Кастиља, а потоа замина на позајмица.

Реинер играше за Борусија Дортмунд, Жирона и Фросиноне пред да се врати во Мадрид ова лето, но Анчелоти не смета на него, па затоа побара нов клуб.

Негов нов тим треба да биде Рајо Ваљекано. Тимот од предградието на Мадрид е подготвен да го купи Бразилецот и да му даде шанса да ги покаже своите квалитети. Во Реал Мадрид иако не играше Реинер годишно инкасираше по 600.000 евра.

Останува да видиме дали во иднина ќе ја покаже формата со која играше во Бразил или пак ќе оди и понатаму во надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…