Дома Топ вести Реал Мадрид доби тренер, сега работи на првото засилување

Реал Мадрид доби тренер, сега работи на првото засилување

0

Голема прашина се крена во фудбалската јавност откако еден од фаворитите за освојување на Светското првенство остана без селектор.

Имено, селекторот на Шпанија, Јулен Лопетеги на големо изненадување беше назначен за нов тренер на Реал Мадрид.

Лопетеги веќе доби отказ и замина од Русија, па ќе може да се посвети на Реал Мадрид и на спремање за новата сезона.

„Кралевите“ се поврзуваат со ангажман на многу фудбалери, но сега приоритет е наследник на Кејлор Навас на голманската позиција.

Давид де Геа е „миленик“ на Лопетеги, но ќе биде многу тешко да се преговара со Манчестер Јунајтед кој бара огромна сума за неговата слобода.

Прва желба останува голманот на бразилската репрезентација Алисон, кој има договор со Рома до 2021 година. „Волчицата“ е спремна да се раздели со голманот, но само доколку пристигне понуда од 70 милиони евра.

Опција за „кралевите“ е и Тибо Куртоа кој одби да го продолжи договорот со Челзи и сака да се врати во Мадрид.

Реа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Светскиот шампион „се лизна на стартот“ – Мексико покажа карактер! (видео)

Термниот во 17:00 часот во четвртиот ден од Мундијалот беше резервиран за натпреварот поме…