Германските медиуми пренесуваат дека Хамес Родригез е незадоволен до својот статус во Баерн Минхен и сака да ја промени средината.
Колумбиецит минатото лето пристигна на „Алијанц Арена“ на двегодишна позајмица, но Баварците ќе имаат можност да го откупат следното лето за сума од 42 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, прашање е дали Баварците ќе ја искористат таа опција, најмногу поради фактот што Хамес Родригез не сака да остане во Минхен, па веќе размислува за враќање во Реал Мадрид.
Така Реал изненадувачки би можел да добие големо засилување следното лето, но секако главен услов ќе биде Јулен Лопетеги да биде заинтересиран за Колумбиецот.
Другата опција е Реал да го препродаде во трет клуб, а интерес за Хамес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.