Дома Топ вести Реал Мадрид го договори првото зимско засилување!

Реал Мадрид го договори првото зимско засилување!

Играчот за врска на Ривер Плата, Езекил Паласиос ќе биде првото зимско засилување за Реал Мадрид, пренесува доброинформираната „Марка“.

Весникот тврди дека е постигнат договор, а трансферот официјално ќе биде потврден после финалето во Копа Либертадорес кое на програмата е на 24-ти ноември.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Кралевите“ за Паласиос ќе платат 20 милиони евра, а играчот треба да стави потпис до 2024 година.

20-годишниот Аргентинец важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка и веќе дебитираше за репрезентацијата на „гаучосите“.

Станува збор за играч за врска кој може да игра на сите позиции во средниот ред, за Ривер дебитираше на 17-годишна возраст и до сега има одиграно 38 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…