Реал Мадрид минатото лето за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал има голем проблем во нападот оваа сезона, Бензема постигна само два гола на последните 11 натпревари, а Јовиќ се покажа како големо промашување и не може адекватно да го замени Французинот.
Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а медиумите откриваат дека на листата има три имиња.
„Марка“ открива дека на радарот на „кралевите“ се Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и Тимо Вернер.
Норвежанецот се покажа како вистинска „гол-машина“, но проблем е што неговата откупна клаузула во договорот со Дортмунд ќе се активира дури следното лето.
Тимо Вернер е во напредни преговори со Ливерпул, па поради тоа најреална опција е Лаутаро Мартинез, кој има откупна клаузула од 111 милиони евра.