Дома Топ вести Реал кешира 60 милиони за ѕвездата на Монако

Реал кешира 60 милиони за ѕвездата на Монако

Реал Мадрид е во напреднати преговори за францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат шпанските медиуми.

Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


За Чуамени интерес покажуваат Ливерпул и Челзи, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Марка“ пренесува дека главниот скаут на „кралевите“, Џуни Калафат веќе неколку дена е во Монако и се обидува да го финализира трансерот на 22-годишниот играч за врска.

Анчелоти е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Казимиро и верува дека Чуамени би бил идеален за таа позиција.

„Марка“ пренесува дека двата клуба се блиску до договор и Чуамени на лето би требало да се пресели во Мадрид за сума од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…