Дома Фудбал Реал и Баерн во трка за потписот на oтпишаниот светски шампион

Реал и Баерн во трка за потписот на oтпишаниот светски шампион

Фудбалските гиганти Баерн Минхен и Реал Мадрид тргнаа по францускиот дефанзивец и светски шампион од 2018 година, Рафаел Варан (30), кој е на излезната врата од Манчестер Јунајтед.

И двата клуба имаат проблеми со одбранбените играчи, а според германскиот и шпанскиот печат, изборот паднал на 30-годишниот Варан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал до крајот на сезоната го загуби повредениот Давид Алаба, додека Баерн ќе биде без Ким Мин-Јае и Нусаир Мазрауи кои ќе учествуваат во азискиот и африканскиот куп.

Клубот од Мадрид може да има одредена предност бидејќи Французинот го носеше дресот на Реал десет години пред да се пресели на Олд Трафорд во јули 2021 година.

Францускиот дефанзивец се пресели на островот за 40 милиони евра, но тој не е во актуелните планови на Ерик тен Хаг.

Договорот на Варан истекува на крајот од оваа сезона, а се шпекулира дека отштетата би можела да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро удри по Интер: Тоа не им требаше!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, јавно го критикуваше тренерот на Интер, Кристи…