Дома Фудбал Реал има шанса после 27 месеци да биде пред Барса

Реал има шанса после 27 месеци да биде пред Барса

Новата сезона Реал Мадрид ќе ја отвори денеска на гостувањето кај Селта Виго во 1. коло од Ла Лига.

Реал имаше очајна предсезона, но денеска ќе има прилика за прв пат после 27 месеци да биде пред лутиот ривал Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каталонците синоќа беа поразени на Сан Мемес од Атлетик Билбао, па се создаде шанса Реал да биде пред Барселона, но мора да остане непоразен во Виго против Селта.

Сепак, сигурно нема да му биде лесно ниту на Реал, особено поради отсуството на првата ѕвезда Еден Азар.

Кралевите и покрај тоа се фаворити, но синоќа беше и Барселона, така да тимот на Зидан мора да одигра добри 90 минути ако сака да ја отвори сезоната со победа, која може да биде екстра интересна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…