Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви се обидува да го врати Герет Бејл во клубот и преговорите се во напредна фаза.
Минатата недела имаше шпекулации дека „кралевите“ дури би прифатиле да платат половина од неговата плата ако замине на позајмица, па Тотенхем сака да го искористи тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Тотенхем ќе се обиде да го донесе Бејл на двегодишна позајмица, односно до истекот на неговиот договор со Реал Мадрид, а тоа го потврди и агентот Џонатан Барнет.
„Герет го сака Тотенхем, преговорите се во тек. Тоа е местото каде што тој сака да биде“, изјави Барнет.
Сега англиските медиуми пренесуваат дека како „компензација“ за тоа што ќе го пушти Бејл без пари и ќе ја плаќа половината негова плата Реал може да го добие Деле Али.
Мурињо е спремен да го пушти Англичанецот, така што Реал ќе доплати одредена сума за потписот на Деле Али.
Tottenham are working on a move to sign Gareth Bale on loan, with Dele Alli potentially joining Real Madrid as part of the deal, according to The Telegraph ? pic.twitter.com/8pX23FAn4g
— Goal (@goal) September 15, 2020