Дома Трансфер зона Реал го затвора поглавјето: Икарди веќе заборавен, „Кралевите“ се насочуваат кон втората опција

Реал го затвора поглавјето: Икарди веќе заборавен, „Кралевите“ се насочуваат кон втората опција

Сите зборуваат за Мауро Икарди, аргентинскиот фудбалер успеа да постигне четири погодоци во последното коло во Серија А, но и покрај тоа не се најде во најдобрите единаесетммина кои „Газета“ ги одбра по завршувањето на викендот.

Икарди благодарение на својата добра форма и на мета на Реал Мадрид, но имајќи предвид дека неговата откупна клаузула гласи 110 милиони евра, тогаш е јасно дека Реал Мадрид тешко дека ќе се ангажира целосно.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Токму „Газета“ денес објави информација за Икарди во која се споменува дека напаѓачот на Интер ќе ја продолжи соработката со клубот и дека од трансферот во Реал нема ништо.

Покрај тоа, и Роберт Левандовски е фудбалерот кој како што се наведува веќе ги договорил сите услови со Реал Мадрид, а во случај на пристигнување на полскиот интернационалец, за Икарди дефинитивно нема да има место.

Од друга страна, продолжувањето на соработката помеѓу Икарди и Интер би можело наскоро да се случи, а она што е веројатно е дека Интер ќе му понуди на Икарди 7 милиони евра по сезона. Исто така, може да се зголеми и неговата откупна клаузула, а договорот веројатно ќе важи до 2023. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …