Реал Мадрид минатото лето за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.
Реал има голем проблем во нападот оваа сезона, Бензема постигна само два гола на последните 11 натпревари, а Јовиќ се покажа како големо промашување и не може адекватно да го замени Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е Ерлинг Халанд.
Халанд оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и постигна 28 гола на 40 настапи, па во Реал се убедени дека тој е идеалното засилување за нападот.
Реал после заминувањето на Роналдо има проблеми со реализацијата, а Халанд би можел да биде наследник на Португалецот.