Маркус Рашфорд сака да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Напаѓачот на „црвените ѓаволи му побарал на својот агент да го „спаси“ од Манчестер каде се мачи со формата и настапите веќе втора сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рашфорд повеќе не е цел за европските гиганти Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен или ПСЖ, кои претходно беа заинтересирани за него.
Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година и е најплатен фудбалер кај „црвените ѓаволи“.
Токму неговата висока плата можем да биде проблем да си најде нов клуб со оглед на фактот дека не е во добра форма.