Дома Фудбал Англија Рашфорд и Манчестер Јунајтед блиску до договор

Рашфорд и Манчестер Јунајтед блиску до договор

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година, па Јунајтед  сака што поскоро да биде решена неговата иднина.

„Атлетик“ информира дека двете страни постигнале начелен договор и следните недели ќе имаат средба за да ги дефинираат последните детали.

Англискиот репрезентативец игра фантастична сезона и до овој момент има постигнато 24 гола и 8 асистенции, па бара да биде најплатен фудбалер во тимот со повеќе од 300.000 фунти неделно.

Сепак, потпишувањето на новиот договор ќе биде после купопродажбата на клубот, која се очекува да биде финализирана од мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави првиот фаворит: Еве каде може Влаховиќ да продолжи

Вчера конечно беше решена една дилема. Душан Влаховиќ го напушта Јувентус како слободен иг…