Како што пренесува утринава „Мундо депортиво“, Барселона летово може да продаде неколку фудбалери во Саудиска Арабија.
Дури шестмина фудбалери на оваа екипа се мета на клубовите од Арапскиот Полуостров, а прв кој би можел да замине е Жил Кунде, фудбалер кој пристигна по барање на поранешниот спортски директор на клубот. Рамон Планес. Тој сега е дел од Ал-Итихад и го сака Кунде во својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај него, интерес има и за Роберт Левандовски, Тер Штеген и Рафиња, но реално е дека сите тројца и следната сезона ќе останат во редовите на Барселона и покрај големиот интерес од клубови од Саудиска Арабија.
За Клемен Ленгле исто така има интерес од Саудиска Арабија, но неговата желба е да остане во Европа.
Последниот во низата и официјално е член на Барселона, но само околу 20 дена Жоао Феликс, кој се враќа од позајмица во Атлетико Мадрид и кој има сериозни понуди од Саудиска Арабија, пишува споменатиот весник.