Дома Трансфер зона Распродажба во Атлетико: Симеоне „пречкрта“ седум фудбалери

Распродажба во Атлетико: Симеоне „пречкрта“ седум фудбалери

Лидерот во Примера, Атлетико Мадрид на лето спрема голема реконструкција на тимот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот Симеоне ќе им ја отвори излезната врата на дури седум фудбалери.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Според пишувањето на „Кадена Сер“ меѓу фудбалерите кои можат да го напуштат Атлетико се и две големи ѕвезди, Хозе Марија Хименез и Саул Нигез, како и група на фудбалери кои не добиваат голема минутажа – Врсаљко, Тореира, Витоло и Муса Дембеле.

Атлетико се наоѓа во финансиски проблеми, па планира со продажбата на овие фудбалери да го финансира летниот трансфер пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…