Дома Фудбал Рамос прв го прокоментира доаѓањето на Еден Азар

Рамос прв го прокоментира доаѓањето на Еден Азар

Белгијскиот репрезентативец Еден Азар е првото големо засилување на Реал Мадрид за новата сезона.

Кралскиот клуб по крајот на сезоната конечно ја заврши трансфер сагата и потврди дека Азар е нов играч на овој тим. Белгијанецот на Сантијаго Бернабеу пристигнува од Челси и со Реал потпиша петгодишен договор.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јасно е дека Флорентино Перез сака да ги врати Кралевите на врвот, а Азар би требало да биде најголемото засилување за следната сезона. Доаѓањето на Азар ги воодушеви навивачите на Реал, но и играчите на овој клуб.

Прв кој се огласи после трансферот беше капитенот на кралскиот клуб Серхио Рамос, кој не го криеше задоволството што Азар потпиша договор со Реал.

„Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно дека ќе биде огромно засилување за нашата екипа. Задоволен сум како течат припремите за новата сезона што се однесува на засилувањата.“ – изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …