Дома Македонски спорт Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА

Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА

Раководствотона УЕФАпредводено одАлександар Чеферин(претседател на УЕФА),Теодор Теодоридис(генерален секретар на УЕФА) иЗоран Лаковиќ(директор за Национални асоцијации во УЕФА), во француски Кан, организираше состаноксо Претседателите и Генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска Асоцијација.

Фудбалската федерација на Македонија беше претставуванаод претседателот Муамед Сејдинии и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Состанокот се одвиваше во рамки на ТЕП којаод 2005 година ги обединува претседателите и генералните секретари на членките на УЕФАсо Раководството на УЕФА. 

На заедничката работилница се дискутираше за новостите во фудбалот на националнитетимови, вклучувајќи го инеодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата„Хеттрик“. На тема клупски фудбал се разговараше за новиот формат на клупските натпреварувањаираспределбата на средствата. Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа изакандидатите за организација на иднитесветски првенства,Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 година и Саудиска Арабија во 2034 година.

Во рамки на работниот дел од состаноцитесе одржаа две одделни работилници –на првата серазговараше за односите на УЕФАсоклучните чинители, ана втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.

Главните размислувања на тематаза влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот​​серизикува дасе создадатподелби таму каде што не би требало да има, претворајќи гофудбалотво политичка алатка.Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

КК Пелистер во новата сезона влегува и со ново лого

Пред почетокот на новата сезона во кошаркарското првенство, екипата на Пелистер го промови…