Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума (19) прилично го налути менаџерот Мина Раиола откако што одлучи да одбие голема понуда која испрати екипата на Ливерпул.
Како што пишува „Corriere dello sport“, Донарума на масата имал навистина голема понуда од Ливерпул. Тимот од „Енфилд“ во него гледа долгорочно решение на голот, но 19-годишниот голман одлучи таа понуда да ја одбие. Тоа го налути контроверзниот менаџер Раиола. Тој е фрустриран поради одлуката на својот клиент и за сега остана без значителна сума на пари во својот џеб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, многу лесно би можело да се случи џебовите на Раиола да се наполнат ова лето. Сигурно дека Донарума ќе ги напушти „Росонерите“, но се уште не е сигурен каде сака да ја продолжи кариерата. Управата на Милан сака да го задржи, но младиот голман одамна е мета на навивачите. Не е толку омилен во клубот и одложувањето на одлучувањето за иднината во клубот сигурно ги иритира многу.
Донарума на голот на Милан застана со само 16 години и веќе запиша 125 настапи за гигантот од „Сан Сиро“.