Mинатото лето се одвиваше вистинска сапуница во која Џанлуиџи Донарума беше во главна улога, а како што се наближува преодниот рок изгледа дека теренот се подготвува за нова теленовела.
Во овие моменти интерес за Донарума повторно постои, се споменуваат Ливерпул и Наполи, но сигурно ќе се вклучи и уште некој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раиола долго време се обидуваше да го продаде Донарума, па поради тоа и неговата последна изјава е малку чудна.
„Важно е да се почитува мислењето на навивачите. Посебно на интелигентните. Донарума би можел да остане во Милан до крајот на животот. Вусшност, ултрасите и го бараа тоа, а и тој нив ги сака“, изјави Раиола.
Новинарите веднаш го запрашаа дали неговата изјава е иронична.
Не го разбирам значењето на иронијата. Само ќе кажам дека според мене побрзо ќе видиме како Кинезите го напуштаат клубот, отколку Џанлуиџи“, надополни Раиола.