Последниот меч во кариерата на Рафаел Надал полека се наближува.
Шпанецот би требало да се појави на финалниот турнир на Дејвис Купот во Малага, а очекувано интересот за овој меч е огромен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека се очекува доаѓање на најголемите ѕвезди, но веројатно таму нема да биде еден од најважните луѓе во кариерата на шпанскиот ас.
„Интересот за овој меч е таков што би можеле да исполниме и пет фудбалски стадиони“, изјави претседателот на Тениската федерација на Шпанија, Мигел Дијас.
Но, чичкото на Надал, Тони со кого тенисерот ги оствари најголемите успеси во кариерата нема да биде присутен.
„Ќе го пропуштам тој натпревар бидејќи во тие денови имам многу работа и морам тогаш да сум во Рим“, изјави Тони Надал.