Денес се реализираше голем трансфер во македонскиот фудбал, репрезентативецот Марјан Радески потпиша договор со Шкупи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Радески по потписот на договорот даде и изјава за клупскиот сајт на Шкупи.
„Голема е честа и задоволството шѓто ќе играм за тим како Шкупи. Секој играч би сакал да биде дел од амбициозен клуб како што Шкупи. Секоја година тука се цели на шампионската титула. Дојдов да помогнам и заедно со соиграчите да се бориме за првото место. Сакам да ја поздравам и навивачката група „Шверцери“ која ќе биде наш 12-ти играч“; изјави Радески
Со Шкупи Радески потпиша договор на две години.