Дома Македонски спорт Мак фудбал Радески и Сава Радиќ потпишаа нови договори со Струга ТЛ

Радески и Сава Радиќ потпишаа нови договори со Струга ТЛ

Aктуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум ги обнови договорите со двајца многу важни фудбалери.

Имено, нови договори денес потпишаа повремениот македонски репрезентативец Марјан Радески и српскиот интернационалец Сава Радиќ до 2025 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


28-годишниот Радески во Струга пристигна во јануари од редовите на Пјуник Ереван. Оттогаш одигра 27 меча и даде 10 голови.

Српскиот стопер во клубот дојде една година пред Радески, односно во јануари 2023 година од Академија Пандев и веднаш се наметна како столб во одбраната. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…