Левиот бек од Гана потпиша договор на три години.
После Де Фрај на ред дојде и Квадво Асамоа. Левиот бек од Гана на кого пред неколку дена му истече договорот со Јувентус, потпиша договор на три години со „Нероуазуирте“, до јуни 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот роден во Акра пред точно 30 години, кариерата во Европа ја започна во швајцарска Белинциона пред да се пресели во младинците на Торино. Во летото 2008 година премина во Удинезе каде што го започна големиот фудбалски пат. На „Фриули“ помина четири сезони, а со одличните настапи си обезбеди трансфер во Јувентус во
јули 2012 година.
Во редовите на „старата дама“ се задржа шест години, освои 13 трофеи, забележа 156 настапи и пет погодоци.
Може подеднакво добро да игра и лев бек, но и како лев играч за врска. За репрезентацијата на Гана настапи на 69 натпревари и постигна четири погодоци.
#WelcomeAsamoah! ?✍️
Il ghanese ha firmato fino al 2021 ⚫️?
? https://t.co/cFLotNf4Cb#InterIsHere #FCIM pic.twitter.com/AEYpRZVMJ9
— Inter (@Inter) July 2, 2018