Дома Фудбал Италија Пјаниќ вчера стана двоен рекодер во Серија А

Пјаниќ вчера стана двоен рекодер во Серија А

Се мачеше Јувентус на гостувањето против Бреша, губеше со 1:0, но сепак шампионот на Италија со пресврт дојде до победа.

Победничкиот гол за Јувенту го постигна Миралем Пјаниќ. Босанскиот фудбалер кон средината на вториот дел постигна одличен гол од 20-тина метри за конечни 2:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со тој гол Пјаниќ собори еден рекорд во Серија А. Имено од своите последни 11 голови Пјаниќ десет ги постигна надвор од шеснаесетникот, нешто што не му успеало на никој во италијанскиот фудбал од сезоната 2016/2017.

Исто така Пјаниќ постави и рекорд кога е оваа сезона во прашање. Вчера имаше 108 успешни додавања, најмногу сезонава во најсилната конкуренција во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…