Дома Фудбал Италија „Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

„Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

Италијанските медиуми пренесуваат дека дошло до жестока расправа помеѓу тренерот на Јувентус, Маурицио Сари и плејмејкерот Миралем Пјаниќ.

Како што тврдат медиумите, Пјаниќ е исфрлен од тимот и сигурно нема да биде на теренот во утрешниот натпревар против Болоња.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Расправијата се случила на тренинг, а Пјаниќ изразил незадоволство со статусот во тимот, но и со фактот дека премногу долго траат шпекулациите за негов трансфер во Барселона.

Јувентус го загуби финалето на Купот од Наполи и тоа ја зголеми нервозата во редовите на „старата дама“.

Наводно и Кристиано Роналдо е во лоши односи со тренерот Сари, кој јавно го критикуваше Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Разговорот помеѓу Гвардиола и фудбалерот на центарот на теренот откри кој е првото летно засилување на „граѓаните“?

По убедливата победа на Манчестер Сити, навивачите забележаа интересен момент на центарот …