Дома Трансфер зона ПСЖ ја сака ѕвездата на Манчестер Јунајтед

ПСЖ ја сака ѕвездата на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој има договор до 2023 година и веќе влезе во последната година од договорот, а се уште не ја продолжил соработката со „црвените ѓаволи“.

Наскоро агентот на Англичанецот ќе има средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и Рашфорд ќе донесе конечна одлука за својата иднина.

Силен интерес за него покажува ПСЖ кој сака на лето да го донесе во Париз, бидејќи Рашфорд може да игра на повеќе позиции во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…