Дома Фудбал Останато ПСЖ ја одби Барса за Ди Марија, но не е чудно кога ќе слушнете колкава била понудата

ПСЖ ја одби Барса за Ди Марија, но не е чудно кога ќе слушнете колкава била понудата

Барселона и ПСЖ веројатно никогаш не би се согласиле да потпишат договор околу Нејмар доколку Парижаните не би имале пари да платат, односно, откупната клаузула на Каталонците од 222 милиони евра.

Пред некој ден се појави информација дека ПСЖ пристигнала во Ница по Сери само за го минира договорот со Барселона, додека денес Парижаните ја затворија вратата за трансферот на Анхел Ди Марија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, доколку е вистина дека Барселона понудила „само“ 35 милиони евра за Аргентинецот, а оштетата би можела да порасне до 50 милиони со бонуси, јасно е зошто ПСЖ оваа понуда ја нарече „недоволна“ дури и за почетокот на било какви преговори.

Работата да биде уште полоша, овде најмногу настрада Ди Марија која сака да се придружи кај својот сонародник, Лионел Меси, а неговиот агент се обидува да ја смири ситуацијата и да ја натера управата на Парижаните да влезе во преговори.

Првиот човек на Парижаните, Насер Ал-Келаифи тврди дека Ди Марија не е на продажба, така да Барселона сега е принудена повторно сите сили да ги фокусира кон Филипе Кутињо, кој исто така е далеку од потпис.

Потсетуваме, Барселона го заврши трансферот на Осман Дембеле кој наскоро треба да биде официјализиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…