ПСЖ сериозно се вклучи во трката за младата ѕвезда на Аталанта, Расмус Хојлунд, пренесуваат италијанските медиуми.
19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој е голема желба на Манчестер Јунајтед, кој има договор со напаѓачот, но не може да постигне договор со Аталанта.
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој е во потрага по квалитетен напаѓач, а сега прво име на списокот е токму Хојлунд.
„Светците“ се спремни да ја платат сумата која ја бара Аталанта и сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.